Едноставна, мека форма, ни правоаголна, ни кружна, дава на масичката суптилен, но препознатлив карактер. Создадена за лесно да се вклопи во различни ентериери, STEP може да стои самостојно како странична масичка, или како сет, во центарот на дневната зона. Мазната медијапанска површина и големиот избор на бои , во мат и сјај завршница, нудат неограничен избор на комбинации од кои сигурно ќе го одберете вашиот фаворит.
Изработка по нарачка, рок 4-5 недели Вклучена достава низ сите градови во Македонија
13.200,00 ден–29.400,00 денPrice range: 13.200,00 ден through 29.400,00 ден
Одбери големина - Одбери димензија од понудените. Доколку имаш специјално барање, пиши ни за персонализирана изработка
Одбери боја / финиш- Одбери боја од понудените. Доколку имаш специјално барање, пиши ни за персонализирана изработка
Потврди ја нарачката - Плати со картичка или побарај фактура. Ќе ги провериме сите детали пред да почне изработката и заедно ќе ги потврдиме.
Изработуваме за тебе - Производот се изработува по нарачка, специјално за тебе. Рокот е приближно 4 недели, зависно од типот на производот и сезоната (празници, годишни одмори и сл)
Твојот MINIMAL пристигнува кај тебе - Ќе те контактираме за испорака. Доставата е на наша сметка.
Побарај индивидуална варијанта
Потребна ти е поинаква димензија, боја или финиш? Пиши ни за персонализирана нарачка, по твој терк. Ќе го разгледаме твоето барање и во најкус рок ќе ти кажеме дали можеме да го оствариме.