Дали навистина треба да престанеме да зборуваме за вкусот само затоа што некој рекол De gustibus non est disputandum? Ако е така, тогаш зошто воопшто постојат архитектура, дизајн или уметност? Ако не разговараме за вкусот, тогаш за што да разговараме, дека тревата е зелена, а 2+2=4 !?
Токму вкусот, естетиката и критериумите за убавина се темите околу кои луѓето разменуваат идеи, учат едни од други и го развиваат сопствениот поглед кон светот.
За вкусовите не се дискутира! – е една од најзлоупотребените латински поговорки, која упорно ја користиме како штит против секоја критика или анализа.
Ако вкусот е целосно субјективен, тогаш зошто постојат принципи на архитектура, дизајн, музичка теорија или сликарство? Зошто генерации уметници, архитекти и дизајнери со векови барале правила што создаваат хармонија?
Како и во многу други области, така и во ентериерот, убавината не е прашање само на лична желба. Вкусот можеби е личен, но добриот дизајн не е случајност. Всушност, целата историја на архитектурата, уметноста и дизајнот е една голема дискусија за вкусот. Vitruvius пишувал за пропорции, Leonardo da Vinci ги проучувал идеалните размери на човечкото тело. Le Corbusier развил систем на пропорции за архитектура. Да не се дискутирало за вкусот, овие идеи никогаш немало да се развијат.
Иако вкусот има лична, субјективна компонента, тој не е непроменлив. Напротив, расте и се развива заедно со човекот, зрее. Затоа во одреден период за нешто мислиш дека ти се допаѓа, па понатаму сфаќаш дека можеби и не. Не затоа што одеднаш сте станале друга личност, туку затоа што вашиот вкус созреал.
А вие што мислите? Дали вкусот е нешто со што се раѓаме, или нешто што го развиваме?
Leave a Comment
Your email address will not be published. Required fields are marked *